Овие приказни ги пишува најголемата македонска туристичка платформа КАЈАК.МК, преку која можете да резервирате се што ви е потребно за едно прекрасно доживување на Македонија. Од сместување, локални водичи, гастрономија, па се до атракции. Се што треба е да отворите www.kajak.mk
Платформата www.kajak.mk е достапна на македонски и на англиски јазик.

Денеска ве водиме на Малта, каде има една добра приказна, вредна за дегустирање. Па доколку некогаш патот ве води на Малта, можете да посетите некој од рестораните на Mamma’s Sugar, а доколку не сте во можност да го посетите таму, тимот на Кајак.мк ве информира дека наскоро Mamma’s Sugar ќе добие свој ресторан во Македонија.
Приказната на Mamma’s Sugar започнува симболично – првиот продаден специјалитет на првиот гостин што некогаш влегол во локалот бил трилече со карамел. Токму тој момент го означува почетокот на една гастрономска приказна што постојано се развива и сè уште нема крај.
Создаден како мал семеен, занаетчиски проект инспириран од домашни рецепти, Mamma’s Sugar со текот на времето прераснува во препознатлив бренд во Малта. Денес функционира на три локации, а концептот е проширен и со Mamma’s Brunch & Burgers – локал кој нуди внимателно креирано слатко и солено мени, со бургери, бранч комбинации и интернационално инспирирани јадења.

Она што го прави брендот посебен е фактот што зад него стои македонско семејство кое преку својата работа активно ги промовира македонските вкусови ширум светот. Во понудата се препознаваат елементи од македонската кујна, автентични рецепти и специјалитети кои се прилагодени за интернационална публика, со што македонската гастрономија добива свое место надвор од границите на земјата.
Тимот на Kajak.mk ја препорачува Mamma’s како задолжителна гастро-дестинација за сите кои ќе ја посетат Малта, особено за оние што сакаат занаетчиски десерти, топла атмосфера и приказна на Ален Осман кој стои позади брендот.

Покрај квалитетот на храната, брендот е препознатлив и по својата инклузивност – тимот е составен од луѓе од повеќе култури, а значаен дел од вработените се лица со посебни потреби, што го позиционира бизнисот како модерен, одговорен и хуман.
Десертите, предводени од тортите и трилечето со карамел, се особено популарни кај туристите, додека локалната публика често се враќа поради богатите бранч и бургер менија. Заедничко за сите посетители е препознавањето на искрената посветеност, свежите состојки и занаетчискиот пристап.

Официјално, ексклузивно од домаќините, се најавува дека Mamma’s Brunch & Burgers наскоро ќе отвори свој ресторан во Скопје, што претставува значаен чекор за брендот и уште еден начин македонските вкусови да се вратат дома, збогатени со интернационално искуство.
Паралелно со ова, во 2026 година се планира и поширока европска експанзија, како и можности за франшиза, отворени за сите кои ја делат истата визија за квалитет, традиција и автентична храна.






























