Отсега е многу лесно да ја истражите Македонија како вистински туристи, бидејќи се што ви е потребно од сместувања во Македонија, локални водичи, локални жители кои знаат се за регионот, храна, гастрономски и вински тури, атракции и предлози е достапно на најголемата македонска туристичка платформа www.kajak.mk.
Доколку сакате да го резервирате еднодевното искуство во ранчот на Марија, кликнете на линкот и испратете барање за резервација: https://kajak.mk/atrakcija/must-do-tours-macedonia-one-day-ranch-animals-en

Локација: Ранковце
Времетраење: 2 часа или целодневна програма (до 5 часа)
Тип на искуство: природа, животни, хуманост, едукација и релаксација
За искуството
„The Countryside“ не е обичен ранч – тоа е простор на љубов, грижа и приказни. Под водство на Марија Дуда, посетителите имаат можност од прва рака да се запознаат со спасени животни, да ја слушнат нивната приказна, да се поврзат со природата и да доживеат мир кој ретко се наоѓа.

Што вклучува искуството?
КРАТКА ПОСЕТА (2 часа)
За возрасни
- Пречек со кафе или сок
- Раскажување на приказната за ранчот и животните
- Дружење, хранење и контакт со животните
- Мирна прошетка и релаксација во природна средина
Цена:
- 370 денари / 6 € по лице (влезницата е на некој начин донација и поддршка за ова што го работи Марија)
За деца
- Интерактивна дружба со животните
- Едукативен пристап прилагоден за деца
Цена:
- 200 денари / 3.5 € по дете (влезницата е на некој начин донација и поддршка за ова што го работи Марија)

ЦЕЛОДНЕВНО ИСКУСТВО (до 5 часа)
Автентично, едукативно и инспиративно доживување
- Запознавање со коњите и нивната улога во терапијата
- Дружење и фотографирање со животните
- Раскажување на целосната приказна за ранчот
- Приказна за штрковите и визијата за идниот shelter / засолниште
- Одмор во природа
- Вклучена веганска / вегетаријанска храна и пијалоци
Цена:
- 25 € по лице

За кого е наменето?
- Семејства со деца
- Мали групи и пријатели
- Тим билдинг активности
- Љубители на животни и природа
- Луѓе кои бараат мир, смисла и автентично искуство
Зошто ова искуство е поинакво?
Спасени животни, не атракција
Реална приказна, не сценарио
Хуманост, не масовен туризам
Домаќин кој лично ја раскажува приказната






























