Тури со јавање коњи во Македонија! Посетете ги Берово, Охрид или Тиквешкиот регион и откријте ја природната убавина на Македонија од поинаква перспектива – на коњ. Една од највозбудливите активности и 6 ТОП искуства што треба да ги вклучите во вашата листа на доживувања во Македонија.
Денес, тури со јавање коњи во Македонија можете лесно да резервирате, бидејќи сè што ви е потребно е достапно на најголемата македонска туристичка платформа – www.kajak.mk.
На платформата ќе најдете организирани тури, лиценцирани локални водичи, уникатни сместувања и автентични гастрономски искуства на едно место – www.kajak.mk.
Берово, бисерот на Малешевијата, е идеална дестинација за оние што бараат авантура, релаксација и бегство од секојдневието. Сега имате единствена можност да го доживеете овој живописен предел на најавтентичен начин – преку организирана тура со јавање коњи.
Повеќе информации за турата на линкот:
https://kajak.mk/atrakcija/horse-riding-macedonia-berovo-berovo-lake

Јавање коњи во Охрид: Истражете го Охридското Езеро и Св. Наум од поинаква перспектива
Ранчот, основан во 2021 година, се наоѓа во живописното село Љубаништа, во непосредна близина на манастирскиот комплекс Свети Наум. Локацијата нуди уникатна можност да ја доживеете убавината на охридскиот регион преку внимателно осмислени тури со јавање коњи.
Патеките водат низ мирни езерски предели, но и низ планински патишта што нудат спектакуларни панорами кон Охридското Езеро. Ова искуство комбинира природа, традиција и авантура во едно незаборавно доживување.
Резервирајте ја турата на следниот линк:
https://kajak.mk/atrakcija/horseback-riding-tours-ohrid-lake-and-surroundings-en

Тиквешка винска тура со јавање коњи: Низ лозја до врвот Клепа – 6 ТОП авантуристичко искуство во Македонија
Доколку сакате поинакво винско доживување, турата низ Тиквешкиот регион е вистински избор. Јавањето коњи низ пространите лозја, комбинирано со искачување до врвот Клепа, нуди совршен спој на активен туризам и уживање во природните убавини на регионот.
Оваа тура е идеална за љубители на природа, вино и адреналин, кои сакаат да ја запознаат Македонија надвор од вообичаените туристички рути.

За резервација, кликнете на линкот:
https://kajak.mk/atrakcija/horseback-riding-tour-wine-region-in-macedonia-en
Повеќе инспиративни статии и идеи за патување низ Македонија можете да пронајдете со еден клик ТУКА.






























