ATV тури во Македонија – авантуристички туризам во близина на Скопје
Овие ATV тури се одличен пример за современ и активен туризам во Македонија. Овие тури се дел од најголемата туристичка платформа во Македонија- КАЈАК.МК, а доколку сакате да резервирате тура КЛИКНЕТЕ ОВДЕ.
Со ова тура туристите може да ја доживеат природата на автентичен и возбудлив начин. Без разлика дали сте локален посетител или турист кој ја истражува Македонија, ова искуство нуди поинаков поглед кон околината на Скопје.

Туризам во Македонија нуди многу повеќе од класични прошетки и разгледувања. За сите љубители на активен туризам, авантура, природа и адреналин, ATV турите во околината на Скопје се едно од оние искуства што оставаат силен впечаток и незаборавни спомени. Само неколку минути од градската врева, ве очекува дивина, тишина, отворени предели и панорамски погледи кои ја покажуваат Македонија во едно поинакво светло.
Дали сте подготвени за поразлична авантура во Македонија? ATV турата започнува од населбата Драчево, локација која претставува совршен спој помеѓу урбаното и природното. Од тука, патеките водат низ разновиден и исклучително интересен терен, создаден за љубителите на авантуристички туризам во Македонија.

Првата тура е идеална за оние кои сакаат динамична, но умерена авантура. Патеката води низ лозјата на Сковин, продолжува кон падините на Водно и над селото Сопиште, каде се отвора прекрасен панорамски поглед кон градот Скопје. Оваа тура е совршен избор за сите кои првпат се среќаваат со ATV тури во Македонија и сакаат да ја почувствуваат слободата на возење низ природа.
Втората тура е наменета за вистинските авантуристи и љубители на подолги и поинтензивни ATV искуства. Патеката започнува од Драчево и води сè до Милениумскиот крст на Водно – една од најпознатите туристички атракции во Македонија. Возењето низ различни природни зони, со постојани промени на теренот и спектакуларни погледи, ја прави оваа тура вистински адреналински предизвик.
Доколку сакате да резервирате ATV тура во Скопје, кликнете ОВДЕ.






























