Со години платформата Kajak.mk е препознаена како една од ретките туристички платформи во Македонија која континуирано открива и промовира нови локални херои — луѓе што стојат зад мали, но исклучително автентични приказни кои придонесуваат за создавање на современиот туризам. Токму тоа е новата ера на туризмот за која многумина зборуваат, но која сè уште тешко успева целосно да се развие во Македонија.
Доколку ја посетувате Македонија, размислете да го резервирате ова автентично доживување и на тој начин директно да ја поддржите оваа семејна приказна. Турaта можете да ја резервирате со еден клик на следниот линк:
https://kajak.mk/atrakcija/authentic-tasting-experience-biljarski-family-en

Семејството Биљарски
Тимот на Kajak.mk не се задржува само на промоција на ваквите приказни. Овие локални креатори редовно се вклучени во турите и тим-билдинг настаните што ги организираме, со цел да им се обезбеди директна поддршка и поголема видливост.
Една од тие приказни — која сигурно ќе продолжиме да ја поддржуваме и во иднина, особено затоа што стана дел од нашите ексклузивни автентични тури и искуства — доаѓа од Берово, во срцето на Малешевијата. Тоа е приказната за семејството Биљарски.
Ова патување започнува да добива јасна форма во 2015 година, кога Методи Биљарски решава својата љубов кон природата да ја претвори во животна мисија: создавање здрави, домашни производи наменети за луѓе од сите возрасти.

Она што денес е препознатливо како брендот Биљарски започнува со еден единствен производ — боров сируп. Инспириран од традиционални рецепти кои со генерации се пренесувале како природен лек за дишните патишта и зајакнување на имунитетот, токму овој производ станал темелот врз кој Методи постепено го градел брендот.
„Никогаш не сум го гледал ова само како бизнис. За нас ова е семејна приказна и начин да ги зачуваме традицијата и природата што нè опкружуваат“, вели Методи Биљарски.
Денес зад брендот стои целото семејство — Методи, неговата сопруга и нивните деца — секој од нив активно вклучен во секоја фаза од производството.
„Започнавме со идејата да создадеме нешто природно и корисно за луѓето. Реакциите од нашите купувачи ни покажаа дека сме на вистинскиот пат“, објаснува Методи.

Семејството Биљарски работи во регионот Малешевија, со база во Берово — град познат по чистиот воздух, недопрената природа и изобилието од лековити билки и шумски плодови. Производството и продажбата се одвиваат на четири локации во Берово, додека нивните производи се достапни низ цела Македонија преку партнери и онлајн продажба.
Денес асортиманот на Биљарски опфаќа природни сирупи, џемови и слатка од шумски плодови, мед и производи од мед, природни коктели и билни препарати — сите подготвени од внимателно одбрани состојки собрани од Малешевските Планини.

За помладата генерација во семејството, оваа приказна претставува продолжение на традицијата.
„Пораснавме со ова. Од најмали нозе бевме дел од процесот — од собирање плодови по планините до подготовка на производите. За нас е важно да го зачуваме семејниот дух и квалитетот по кој луѓето нè препознаваат“, вели Бојан Биљарски.
И токму тоа е она што ги издвојува. Во време кога производството сè почесто станува индустриско и безлично, секој производ на Биљарски сè уште минува низ рацете на самото семејство.
Токму затоа тимот на Kajak.mk создаде уникатно искуство кое можете да го резервирате преку нашата платформа и лично да го посетите семејството.
Доколку сакате да го резервирате ова единствено доживување со семејството Биљарски, кликнете на следниот линк:
https://kajak.mk/atrakcija/authentic-tasting-experience-biljarski-family-en






























