Ваквите промотивни текстови ги пишува најголемата македонска туристичка платформа „КАЈАК.МК“, преку која платформа можете да резервирате сместување, искуства, дегустации и активности низ цела Македонија. Доколку сакате повеќе информации отворете www.kajak.mk или кликнете ОВДЕ.

Македоскиот град Охрид е најубавото место за доживување на православниот христијански празник Водици – Богојавление, кој традиционално се одбележува на 19 јануари, во организација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Токму тука, каде православието има длабоки корени, празникот добива особена духовна тежина. Градот се претвора во жива сцена на вера, каде црковните камбани, молитвите и илјадниците верници создаваат силна и возвишена атмосфера што се чувствува на секој чекор.
Централниот настан е свеченото фрлање на чесниот крст во водите на Охридското Езеро, придружено со уникатна традиција по која Охрид е препознатлив. Охриѓани се качуваат на традиционални охридски кајчиња, украсени со знамиња и икони, и пловат по езерото додека се пеат духовни и народни песни. Оваа глетка, со песна што одекнува над водата и со десетици кајчиња што го следат ритуалот, претставува еден од највпечатливите моменти на Водици и вистинска атракција за туристите.

Празничната атмосфера се збогатува и со старата охридска традиција „Фрлањето на бурињата“, која се одржува по повод Денот на рибарите во Охрид. Овој настан е симбол на вековната поврзаност на градот со езерото и рибарството и претставува редок спој на вера, обичај и локална култура. Посетителите имаат можност да присуствуваат на автентични ритуали што се пренесуваат од генерација на генерација и го прават Охрид посебен во целиот православен свет.

Покрај духовните и културните настани, Водици во Охрид нуди и вистинско гастрономско доживување. Традиционално се подготвува рибна чорба од неколку тони, која бесплатно се дели на посетителите и туристите, како симбол на заедништво и гостопримство. Во комбинација со зимската убавина на езерото, топлината на локалното население и богатата програма, Охрид за Водици е идеална дестинација за сите што сакаат да почувствуваат жива традиција, силна вера и незаборавно туристичко искуство.
Ваквите промотивни текстови ги пишува најголемата македонска туристичка платформа „КАЈАК.МК“, преку која платформа можете да резервирате сместување, искуства, дегустации и активности низ цела Македонија. Доколку сакате повеќе информации отворете www.kajak.mk или кликнете ОВДЕ.






























